Сонот на Ана Ли
Црно-бели серии, наречени „Оловно војниче”. Доаѓаат од соништата кои сум ги живеела во минатото. Подолги години истражување, открив дека сè што сум сонувала, всушност, постои (места, луѓе, предмети). Не од ова време, туку од ерата на национал социјализмот. Спротивно на она што некој го има напишано, јас не ја раскажувам приказната за концентрационите логори како историската тема. Моето уметничко искуство е еден вид на „навраќање”, а сликата само ме придружуваше на тој пат.