Templum Aeternum

Инсталација

Категорија

2016

Година

Димензии

Куќа е место во кое живее барем еден човек. Ако фали човечкото присуство, тогаш тоа место не е куќа. Што значи дека секое место на кое ќе стапне човек, ако тој почне таму да гради со неговата имагинација, идеалите и своите чувства, тоа место станува негова куќа. Така, ние градиме куќа која физички не постои. На овој начин, човекот гради куќи со секој негов чекор. Куќи без локации, без програма, без врски со политиката и економијата. Му го даваме на секој човек правото да ја изгради својата куќа каде и како сака. Правилата наметнати од општество се тие кои ја делат Земјата на имоти со закачена цена на нив. А Земјата е во еднаква сопственост на сите луѓе.

Христина Секулоска, Ирена Милојеска

Скопје, Македонија