Transformers of Skopje

Архитектура, Илустрација, Фотографија

Категорија

2016

Година

10-13 x A4

Димензии

Скопје се соочува со својата транформација скоро една декада. Истата на градот му се закани со губење на идентитетот кој внимателно го создаваше после катастрофалниот земјотрес. Симболите на обновата на Скопје-дела на македонските и странските автори почнавме да ги губиме, со обиди за урбанистичко задскривање и рефасадирање. 
Во екот на ова случување, се појавија првите асоцијации на карактери произлезени од идентитетот на објектите(2010). Првиот концепт беше анимација на ликови добиени преку асоцијации на објектите т.е трансформирање на објектите во супер-херои на Скопје. Таа анимација е во најава со ова прво претставување, но најпрвин да ги претставиме скопските трансформери.

Филип
Конески

Скопје, Македонија