Уникатни уметнички креации од дрво

Рачни изработки

Категорија

2015

Година

60х100 см; 35х30 см; 60х55 см; 70х60 см; 75х50 см; 50х40 см

Димензии

Техниката што ја користам е мој изум и мојата колекција е огромна. Таа содржи ситни сувенири со македонски обележја, крстчиња, шишиња обложени со дрво, свеќници, ламби, лустери, ѕидни часовници, комоди, гарнитури за седење, масички и многу други предмети. Целокупниот ентериер и екстериер во мојот дом го изработив со оваа техника. Како репроматеријал за мојата вештина го користам секое дрво кое ќе се вклопи во мојата креативност. Дрвото најчесто го користам во природна форма, а посебен предизвик ми се парчињата дрво кои наизглед се неупотребливи. Енергија за мојата креативност црпам од љубовта спрема нашата традиција и култура и барам некаков спој на модерното и традиционалното.

Роберт
Коцев

Скопје, Македонија