Уникатни рачно изработени ташни

Накит и Модни додатоци

Категорија

2015

Година

40x31 cм

Димензии

Уникатни модели на ташни изработени од штоф. Првиот модел е изработен од сина чоја и на предната страна има апликација „винтиџ“ машина за пишување, изработена од портокалов кепер, зелен и кремав флок. Ташната се затвора со пластичен патент, а потоа со капак и пластично копче. Од задната страна има џеб, затворен со патент. Погодна е за носење поголем багаж. Вториот модел е плико со капак. Изработен е од кремав флок, во комбинација со темно кафеав штоф со текстура од тенки линии. Целата ташна е обложена со фаталин (вата). Се затвора со пластичен патент и со капак и пластично копче. Третиот модел е изработен од кремав и кафеав штоф (дамаск). На предната страна има апликација ретро велосипед, изработена од комбинација на портокалов кепер и зелен флок. Од задната страна има џеб, затворен со патент. Целата ташна е обложена со фаталин (вата), за подобра оддржливост на формата. Ташната се затвора со пластичен патент, капак и пластично копче.

Наташа
Јакимовска

Кратово, Македонија