ЗА НАСТАНОТ

Паратисима Скопје е интернационален саем на современа уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии. Поврзувајќи ги постоечките мрежи во секторот на култура и креативност, Паратисима Скопје нуди можност за соработки и поттикнува раст на нови, органски мрежи кои се во согласност со иновациите и потребите на тековните сцени на културата и уметноста.

Сите од секаде може да учествуваат на Паратисима Скопје и да го изложат своето дело.

Саемот е отворен за автори од полето на визуелна уметност, перформанс, дизајн, архитектура, фотографија, моден дизајн, филм, музика и сите други формати на творештво и изразување.

Афирмираните, емергентни и не-академски уметници и креативци се поттикнати да експериментираат и да ги трансформираат и преминат границите на конвенционалното претставувајки се себе и своите дела.

За дополнителни информации посетете ја страницата за прашања и одговори (FAQ).

ЗА БРОЈКИТЕ

Паратисима Скопје 2017

Четвртото издание на Паратисима Скопје се одржа од 15-17 јуни во Младинскиот културен центар, Скопје го привлече интересот повеќе од 129 независни aвтори.

Во три години, Паратисима Скопје брои учество на повеќе од 450 независни автори од 37 земји од светот и 41 специјални проекти каде што биле претставени интернационани ликовни академии, галерии, колективи и културни организаии.

За тоа време, селекција на 44 автори биле наградени со учество на Паратисима во Торино, Италија, 13 автори ги претставиле своите дела преку индивидуална изложба која им била доделена како награда од галериите со кои соработува Паратисима Скопје и 14 автори кои се претставиле со своите дела на настани со кои соработува Паратисима Скопје.

 

 

 

Во 2016 беа селектирани 11 автори кои беа наградени со учество на 12-то издание на Паратисима во Торино, Италија. На четири автори им беа доделени независни изложби од страна на неколку македонски галерии за современа уметност.

Паратисима Торино 2016

Параитсима Торино беше домаќин на 11-те селектирани автори на кои им беше овозможено учество на Паратисима во Торино, Италија од 2-6 ноември, 2016 година.

 

За да го проследите успехот на Паратисима Торино 2016, Ве покануваме да ја посетите официјалната веб-страна на настанот: www.paratissima.it, каде што ќе имате можност да уживате во визуелен колаж на минатогодишните случувања!

ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ

Паратисима Скопје e организирана од здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Континео 2020.

Континео е организација посветена на поддршка, промоција и развој на пазарот на културата на интернационално ниво. Хибридниот пристап на Континео се основа на меѓу-секторска соработка и интернационално поврзување, како основи за културен развој. Нашата цел е да овозможиме интердисциплинарни соработки и влијателни поврзувања.

Паратисима Скопје е регистрирана трговска марка на национално ниво.