Зелените улици (Viridi plateis)

Инсталација

Категорија

2015

Година

90x120 cм

Димензии

Инсталацијата е составена од 7 делови, каде е употребен плексиглас во боја, техника и мозаик од плексиглас. Претставување на мозаични мапи, односно, мозаични улици. Зелени улици. Зелените улици на младоста. Зелените улици на нова надеж. На нови почетоци. На нов живот. Зелените улици во кои има свежина, сила, трпеливост. Зелените улици каде постои внимателност, мудрост и рамнотежа. Зелените улици на тишината. Моќната тишина меѓу улиците, без облик и материја која ги поврзува сите времиња. Не постојат ѕидови кои можат да ја сопрат. Тишината која го буди внатрешниот мир. Внатрешниот мир, длабоко закопан во градовите кои исчезнуваат. Разградени градови, разградени улици, разградени куќи и луѓе. Разградена препородена стварност. Стварност низ зелените улици.

* Зелената боја, симбол за нов живот, регенерација, свесност за околината.
* Viridi plateis – на латински значи зелени улици

Блашка
Ми Ева

Скопје, Македонија